Со камион удрил во транспортен центар на РЕК Битола, причинил штета од 15 илјади евра

Вчера во с.Новаци, битолско, М.С.(26) од с.Брод управувајќи тешко моторно возило „Ман“, удрил во транспортниот систем сопственост на РЕК Битола, при што оштетил 16 ваљаци, околу осум столбови, дваесетина капаци од системот, искината сајла, оштетување на металната конструкција и на една сигурносна склопка.

Со оштетувањето причинета е материјална штета од околу 1.000.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.