Сo кои странски служби комуницирал Заев?  

Претседателот на СДСМ е само еден пион, една „бомба“ и едно негово осудување не решава ништо, зашто остануваат и петтоколонашите и странските служби. Со кои од нив соработувал Заев?

Повеќе од една седмица македонските новинари, аналитичари и политичари стравуваат да се соочат со вистината за драматичната состојба во Македонија. Таа вистина е поврзана од една страна со широката и многустрана дејност на петтоколонашите кај нас, а од друга со активноста на странските служби. Заев е само еден пион, една „бомба“ и едно негово осудување не решава ништо, зашто остануваат и петтоколонашите и странските служби. Со кои од нив соработувал Заев?

1.На територијата на Македонија работат сите служби од соседството. Во последните неколку години, по признанието на Дора Бакојани, Грција искористила 80 милиони долари за поткупување на македонски политичари и новинари. Но, ниту една служба од соседството, вклучително и грчката, нема капацитет да прислушкува и собере 1,5 милиони материјали и фотографии кои ги има Заев.

2.На средбите со премиерот Груевски Заев демонстрира голема ароганција и самодоверба. Така дејствува човек позади кого седи не локална, туку светска велесила.

3.Во разговорите со Груевски самиот Заев признава дека материјалите ги добил не од соседна служба, туку од далеку.

4.По телевизиското обраќање на премиерот одма се огласија амбасадите на САД и на Русија со апсолутно спротивни ставови. До сега САД тврдеше дека Македонија е пријателска земја, но во соопштението се вели: „Амбасадата на САД со загриженост го слаеди кривичниот случај против лидерот на опозицијата Зоран Заев и апсењето на три други лица за наводен обид за загрозување на уставниот поредок“. Обратете внимание на два момента. Прво САД се загрижени не од обидот за уривање на законската власт, туку од судбината на обвинетите во шпионажа. Второ, се користи зборот наводно, т.е. САД се сомневаат во одлуката на македонската државна власт. По неколку дена видео обраќање имаше и од новиот американски амбасадор Бејли, кој уште не е дојден во Македонија. Американската офанзива продолжи со обраќање на нејзината амбасада и пак „со загриженост“, овој пат за одлуката на македонското јавно обвинителство да не се објавуваат материјали кои можат да станат предмет на натамошна кривична постапка. Амбасадата бара објавување на материјали независно дали се вистински или лажни и независно на кој начин се добиени, „кои би можеле да укажуваат на злоупотреба на власт и да резултираат со кривични постапки против јавни личности“. Овие потези покажуваат: прво, дека САД се против сегашната влада на Р. Македонија, второ, дека се обидуваат да и направат притисок и нејзе и на независното судство и трето, дека имаат голем интерес од сето тоа.

5.Спротивно на американската амбасада, амбасадата на Русија е загрижена од „обидот за државен удар во Македонија“. Русија има доверба во македонското државно раководство и е против „разнишување на состојбите во пријателската Македонија зашто тоа носи ризик за опасно заострување на меѓуетничките тензии во земјата“. Притоа Русија потесетува дека пред една година во ОБСЕ барала одлука за спречување на такви државни удари во суверени земји.

6.Обидот за „пуч“ во Македонија е сличен на обидите за уривање на владата на Ердоган во Турција. Во тие обиди беа замешани САД индиректно и директно преку тогашниот заменик амбасадор Бејли, кој сега ни доаѓа во Македонија. Тогаш во турските медиуми беа распространети информации и прислушкувани разговори за наводна корупција во турската влада. Потоа беа инсценирани протести на „незадоволни граѓани“. Истиот потфат го гледаме и во Украина, а учество во тамошниот пуч имаше помошникот државен секретар на САД.

7.Во Скопје САД имаат неверојатно голема амбасада која игра улога на држава во македонската држава. На 400 км од Скопје, пак, во Белград постои балканскиот центар на ЦИА.

8.Од 1991 година до денес САД активно работат против македонската држава и македонската нација. Доволно е да се прочитаат мемоарите на генералот Панде Петровски „Сведоштва-2001“ за водечката улога на САД во терористичката војна против Македонија и за Рамковниот договор, како и децидното истражување на амбасадорот Ристо Никовски „Улогата на САД во македонските голготи“, за да им биде јасно и на оние кои немаат појма од политика и меѓународни односи, за тешката состојба на нашата земја.

9.Не е случајно што по обраќањето на амбасадата на САД имаше такви обраќања и од британската амбасада и од ЕУ кои како да беа препишани од американските. И Британците се „загрижени“ од обвиненијата против Заев. ЕУ исто ги користи зборовите „наводна шпионажа“ и „бара почитување на правата на обвинетите“.

10.Досега западниот притисок дава резултат. Наместо во притвор Заев шета слободно, дава изјави, одржува прес конференции, остварува средби со странски претставници, како со амбасадорот на ЕУ, Орав.

11.Во претходната колумна пишував дека часот е 5 до 12 до крајот на македонската држава. Моментално овие 5 минути течат.

Стефан Влахов Мицов за mkd.mk