Со која цел „Плусинфо“ објави слика со транспорт на оружје?

Спротивно на новинарските принципи и законските норми, соросовиот медиум Плусинфо на Бранко Героски кој е ударна медиумска перјаница на СДСМ, во петокот објави фотографија од транспорт на опрема со возила на безбедносните сили, пишува „Курир“.

ПлусИнфо шпеклуираше дека наводно се вршел транспорт на гумени куршуми што по објавувањето на веста беше демантирано од институциите.

Пред да ја објави оваа вест, Плусинфо не побара став од државните институции што отвора сомнеж дека целта на пласирањето на оваа информација е да се прикаже раздвиженоста и мобилноста на безбедносните сили што само по себе е доволно рано да се предупредат криминално-терористичките групи и да се зголеми нивното внимание што пак е спротивно од интересите на државата и граѓаните.

Уредникот на ПлусИнфо Бранко Геровски остро ги критикуваше и безбедносните сили за изведувањето на воената вежба во касарната во Ѓорче Петров со што свесно или несвесно продолжи да ги брифира терористичките групи.

Во текот на целиот вчерашен ден, а и денеска соросовите медиуми и медиумите под контрола на СДСМ, како и аналитичарите под контрола на опозицијата како што се Бранко Тричковски, Сашо Ордановски, Мирјана Најчевска, продолжуваат со специјалната војна чија цел е оцрнување на македонските полицајци и нивна дискредитација, како и креирање на тензија во општеството и закрвување помеѓу граѓаните.

silegov-skandall

Вчера и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов се исмеваше со македонските полицајци што наиде на силна осуда во јавноста.

komentariii