Со која политичка опција од Македонија Грците би сакале да разговараат за името ?

Груевски или Заев – со кого Самарас повеќе би сакал да разговара за името ?

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, за грчкиот печат се веќе извесни две работи. Грците се речиси сигурни дека ВМРО ДПМНЕ ќе биде двоен победник, но се уште посигурни дека тоа ќе значи уште едно големо “Не” на грчкото барање за промена на името и идентитетот.

Според тоа се чини дека владејачката партија не е политичката опција со која тие би сакале да разговараат за името. Во овој контекст, во анализата на весникот Ефимерида се вели:

“Според сите мерења, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ќе победат на овие избори, што дури и повеќе ќе ја намали можноста за наоѓање решение за името”, стои во текстот.

Дека владата на чело со Груевски не и одговара на Атина, освен грчкиот печат, јасно порача и грчкиот државен врв. Поранешниот шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос во неколку наврати изјавуваше дека Грција во моментов нема “веродостоен” соговорник за името во Македонија.

Груевски не е изборот на Самарас, но се чини дека истото не може да се каже и за потегот на македонскиот Премиер да го воведе референдумот како единствен начин за верификација на евентуално заемно прифатливо решение.

Ефимерида пишува дека Андонис Самарас преку референдум ќе се штити од меѓународниот притисок за името бидејќи Грција не можела да си дозволи да се соочи со уште еден режим на меѓународен притисок од ЕУ, НАТО и САД како тој по НАТО самитот во Букурешт во 2009 та. Според весникот, оваа одлука Самарас ќе ја соопшти на претстојниот состанок на 28 министри за надворешни работи  на ЕУ кој што ќе се одржи на 24 и 25 април во Солун.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.