Со компромитирачки фотографии изнудиле телефон „самсунг“

Малолетна девојка остана без мобилен телефон „самсунг“ бидејќи и го одземале двајца со уцена дека ќе објават нејзини компромитирачки фотографии.

Според Министерството за внатрешни работи, приведени се двајца скопјани, 24-годишниот С.И. и една година помладиот Р.И. кои уценувале малолетна девојка од скопско Драчево.

На уценувањето, преходело дружење помеѓу оштетената и С.И., при што тој  ја искористил  нејзината доверба и злоупотребувајќи лозинка од нејзин профил на социјална мрежа, во периодот декември-јануари  ја уценувал дека ако не му даде андроид „Самсунг“, ќе изнесе во јавност компромитирачки фотографии. По ова, тие се слушнале телефонски и се договориле оштетената и Р.И. да се сретнат пред поштата во населба Драчево, каде таа ќе му го даде андроидот.

За уцените од С.И. оштетената и кажала на својата мајка, која пред една недела случајот го пријавила во полициска станица, по што од страна на полициски службеници на Единицата за насилен криминал се превземени оперативно тактички мерки, а двајцата се приведени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.