Балкан

Со коњ сакале да шверцуваат 78.600 хулахопки

Со коњ сакале да шверцуваат 78.600 хулахопки

Кај село Таранеш, дебарско во непосредна близина на државната граница со Албанија на 8-ми месецов полицијата ги затекнала З.Б.(51) и Л.Б.(15) двајцата од Дебар со патничко моторно возило и коњ натоварен со вреќи.

На местото на настанот се пронајдени се 43 вреќи во кои биле 78.600 женски чорапи-хулахопки, кои што требало да бидат илегално пренесени во Р. Албанија.

Стоката е привремено одземена, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за кријумчарње на стока.