Со коњи шверцувале кафе од Македонија во Албанија

Во акцијата што во средата ја спроведе граничната полиција одземени се вкупно 540 килограми сурово кафе, спакувани во девет вреќи и натоварени на три коњи, соопштија од СВР Охрид.

Во нелегалната трговија со кафе, учествувале две лица кои од Република Албанија кои остварувале илегален влез на територијата на Република Македонија до селото Селокуќи, а потоа со натовареното кафе се враќале по илегалниот пат назад кон македонско-албанската граница.

Двете лица успеале да избегаат на различни страни, а полициските службеници ги одзеле коњите со натоварените девет вреќи сурово кафе