Со кран закачил жици од бандера и починал од струен удар

Попладнево околу 16 часот се случила несреќа во Гостивар кога 34 годишниот Ружди Т. во фирмата „Џиџи Комерц“ го растоварал камионот, јавува Пресс 24.

Во моментот кога кранот ги закачил жиците од блиската бандера, Ружди го удрил струен удар и починал на лице место.

Од полицијата и официјално ги потврдуваат информациите.