Со кредитите од ЕИБ вработени 5.868 лица

Со кредитите кои Владата на Република Македонија ги обезбеди од ЕИБ овозможени се вкупно 5.868 нови вработувања.

Околу 1.400 компании во делот на производство, градежништво, услуги и трговија ги искористија евтините средства кои Владата ги обезбеди од ЕИБ.

Од обезбедените 350 милиони евра, повлечени се 282 милиони со кои се вработиле 5.868 лица.

До средината на овој месец ќе бидат повлечени дополнителни 11 милиони евра за поддршка на 36 компании и ќе се отворат нови 159 вработувања, информираат од Македонската банка за поддршка и развој.

Компаниите се уште можат да аплицираат за средства бидејќи од четвртата кредитна линија на ЕИБ остануваат уште 56 милиони евра.