Со кршење на деловникот СДСМ сака да спречи дискусија во Собранието и да ја протурка Tиранската платформа

На самиот почеток на продолжението на конститутивната седница Оливер Спасовски од СДСМ спротивно на собраниската пракса и деловникот, побара од претседавачот Трајко Вељановски да ја прекине третата точка со која што треба да се донесе Комисијата за прашања на избори и именувања и да се премине на точката за избор на Претседател на Собранието во случајот Талат Џафери кој што е кандидат од СДСМ и ДУИ.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека преку овој начин СДСМ започна да врши политичко насилство врз Собранието и дека на овој начин не се дозволува да се искористи правото на збор кое што е едно од најдемократските права на пратениците. Димовски нагласи дека според Деловникот не може да се премине на ниту една друга точка се додека не се заврши и не се исцрпи точката која што трае и за која што се расправа.

– Пред да заврши расправата по третата точка не може да се премине на изборот на претседател на Собрание. Секогаш се бирала прво комисија, а потоа претседател, додаде Илија Димовски.

Сакајќи СДСМ да ја прекине третата точка за која што се расправа очигледно нема да бира средства и нема да ги почитува правилата и досегашната пракса за да може да го испорача се она што Зоран Заев го ветил на албанските партии во Тиранската платформа.