Со ладна глава до победа над Црна Гора

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во 20. 00 часот ќе го одигра првиот полуфинален натпревар во Евролигата. Црвено жолтте на домашен терен во СЦ Бори Трајковски ја пречекуваат селкцијата на Црна Гора , а најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓеорѓиев верува дека смао со ладни глави ќе слават на Црногорците и ќе маправат чекор напред кон големото финале. 

“Ладна глава е рецептот за полуфиналниот меч со Црна Гора. Треба да играме фокусирано, поен по поен, без притисок. Независно од тоа кој од нас ќе игра, јасно е дека само играњето како еден може да нж одведе во финалето. Ние сме подобра репрезентација од Црна Гора, иако тие имаат промени во тимотчетири нови играчи, мотивирани и желни за докажување. Од друга страна, тука е Слободан Бошкан, кој е добар тренер и затоа сум убеден дека ќе биде тешко. Сепак, местото во финалето е достижно. Треба само да играме со студена глава” вели капитенот на македонскиот национален тим.