Со лажни документи барал хуманитарна помош за операција

Кривична пријава е поднесена против М.Д.(43) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „лажно претставување“.

Како што соопшти МВР, на 31.10.2014 година, пријавениот лажно претставувајќи се дека е претставник на Црвен крст, на верско  лице во џамијата во с. Отља и на претседателот на месната заедница во истото село, им покажал лажни документи дека му е потребна хуманитарна помош за операција на две лица за што му дале 6.125 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.