Македонија,Крими хроника

Со ловџиска пушка и пиштол ограбил продавница, се збогатил за 70.000 денари

Со ловџиска пушка и пиштол ограбил продавница, се збогатил за 70.000 денари

Непознато маскирано лице со ловџиска пушка и пиштол ограбило продавница во кумановското село Карпош, информира Министерството за внатрешни работи.

Синоќа околу 21 часот, маскираното лице влегло во продавницата „Елида 3“, со ловџиска пушка преку рамо и со закана со пиштол успеало од вработената да украде околу 70.000 денари од дневниот промет.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.