Со ловечка пушка решавале расправија

Едно лице заврши во болница по жестока расправија.

Двајца скопјани со ловечка пушка решавале недоразбирања. Според информациите од Министерството за внатрешни работи инцидентот се случил вчера околу 12 часот во викендичка на 69-годишниот М.Р. во скопското село Кучково. Првично, започнала распавија помеѓу М.Р. и Д.М.

Во еден миг додека се расправале Д.М. со ловна пушка испукал два патрони кон М.Р.

Повредениот  бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ констатирана му е телесна повреда. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.