Со лоз Подарок, 60.000 денари отидоа во Свети Николе

Инстант лозот Подарок во октомври израдува  среќен играч од Свети Николе. Атанас Пецев влезе во кругот среќни добитници на Инстант игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија.  

Атанас својот добитен Инстант лоз Подарок го купил од продажното место Вен Марк. Поточно купил 3 лоза, а интересно е тоа што сите биле добитни. Два од нив имале помала добивка-50, а третиот 500 денари.  Атанас се одлучил помалите добивки да ги врати во игра, а тие пак му ја обезбедиле шансата за среќа и убавата добивка од 60 илјади денари.

Само за потсетување, Инстант лотаријата ПОДАРОК има цел да ви ги развесели празниците, па дури и да ви го претвори во празник некој сосема обичен ден. Со лозот ПОДАРОК ви овозможуваме да ја решите дилемата за подарок за роденден, именден или било каков друг повод.  Со добивките од лозот ПОДАРОК развеселете се самите или другите.

Цената на лозот ПОДАРОК е 50 денари, а во игра ве очекуваат бројни парични премии од 50 до 60.000 денари.

Инстант лозот ПОДАРОК  може да го пронајдете во сите продажни места со  знакот на детелинка ширум Македонија.