Со Македонија мора да владее уставот и законите, не партиите

Партиите не смеат да владеат со Македонија, со Македонија мора да владее правото, Уставот, законите. Никој не смее да биде над тоа. Она во што цврсто верувам и ќе се залагам е за политика базирана на христијанска одговорност, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на говорот по протестниот марш одржан во Струмица.

Не можеме да се интегрираме во Европа, ако не се интегрираме во Македонија. Не можеме да влеземе во Европа ако не се европизираме самите ние. Не верувајте на новите лаги на Заев дека пари од небо ќе паѓале и само што не сте се збогатиле сите. Се ќе распродадеме и од утре ќе се отворат чешмите и пари ќе потечат. Не е така во Европа. Верувајте во тоа. Семејството мора да биде и да остане основна клетка на општеството. Посилна економија, посилни семејства, посилна држава. Во политиката како држава треба да добиеме се, а не се да даваме и да распродаваме. Јас сум за образование и напредок со носење на светот кај нас, а не одлив на мозоци и стагнација. Слободен човек е мислечки човек, такви луѓе се нашето најголемо богатство. Оттука образованието и науката се клучот на успехот, рече Мицкоски.

Тој порача дека амнестијата на осудените за насилството на 27 април е потребна за Македонија да продолжи напред.

Не заборавајте никогаш дека сепак има невини луѓе по затворите затоа ште се воделе од идеја и чесна мисла и единствен мотив им била нивната татковина Република Македонија. И на ова лудило на политички реваншизам мора еднаш да му дојде крајот, затоа што премногу долго се делиме на ваши и наши, на Македонци, и помалку Македонци и затоа е потребна амнестија за луѓето од 27 април, затоа што мораме да продолжиме напред, а нема напред ако живееме во минатото, вели Мицкоски и порача дека не ги заборава оние кои се по затворите, а се дел од конструирана хајка.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата прави 7-годишен план кој значи сигурен развој, вистинска економска револуција.

Ние на тој начин ќе одговориме, со економска револуција која ќе донесе повеќе пари и повеќе инвестиции во сите области. Тоа е вистинскит пат напред, а не шарените лаги за да распродадеме се што некој пред нас стекнал, рече Мицкоски.

Мицкоски побара од десетилјадниот народ во Струмица да верува во себе.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.