Со Македонија вработува отворени над 7.400 работни места

Над 7.400 новоотворени работни места откако започна да се реализира проектот Македонија вработува информира министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Појасни дека за источна Македонија има околу 1.600 отворени работни места, од кои во Штип околу 420 нови работни места, Кочани има околу 460 нови работни места…

– Ова е успешен проект кој им помага на македонските компании и на македонските граѓани кои се невработени и бараат работно место, истакна Спасов одговарајќи на новинарско прашање за ефектот кој го дава овој проект,  при посетата на Карбинци.