Со MaxTV на Светското првенство во Бразил

Македонски Телеком почнува со голема наградна игра за сите 3Max корисници со главна награда – 3 патувањa во Бразил на финалето од Светското првенство во фудбал. Наградната игра почнува на 23 април и ќе трае до 20 мај 2014 година. На 23 мај ќе се извлечат тројцата добитници на патување во Бразил кои ќе имаат уникатна можност да присуствуваат на финалниот натпревар од Светското првенство, на Маракана во Рио де Женеиро.

Освен главната награда, ќе се извлечат и добитници на 20 Sony LCD телевизори, по 5 телевизори неделно, секој петок до крајот на наградната игра, со почеток на 25 април, 2014 година.
Во играта ќе учествуваат сите постојни корисници на еден од пакетите 3Max или 3Max Optic, како и сите корисници кои ќе земат еден од пакетите 3Max или 3Max Optic најкасно до 20.05.2014. Влечењето ќе се врши од базата на корисници, по случаен избор со компјутерска програма. Добитниците ќе бидат објавувани на веб страницата www.t-home.mk.

Сите нови корисници на 3Max или 3Max Optic, добиваат 6 месеци бесплатно MaxTV, како и можност да учествуваат во наградната игра и да добијат едно од трите патувања на Светското првенство во Бразил.