Македонија

„Со меѓународните финансиски зони сакаме да привлечеме силни меѓународни компании“

„Со меѓународните финансиски зони сакаме да привлечеме силни меѓународни компании“

За една земја да се развие предуслов е да има добра географска локација, политичка и економска стабилност. Услов е да има законски можности за меѓународна финансиска зона, рече премиерот Никола Груевски.

– Ние не случајно се определивме за ваква работа и многу внимателно влеговме. Ние не сакаме да направиме општа зона ниту пак зона каде што ќе има сомненија за пари, или за некаков криминал финансиски или било каков. Нашата идеја е да направиме една меѓународна финансиска зона во Скопје. Тоа ќе бидат во некои 10-20 хектари згради, во кои што ќе привлечеме да дојдат меѓународни финансиски институции, како банки, осигурителни друштва, да ги отворат овде нивните главни канцеларии. Две работи треба да им бидат сериозен магнет, едната е во зоната да важат закони кои што вашат во најкредибилните земји каде што одат финансиите како што е Англија. Втората е да има многу ниски даноци, појасни Груевски.

Посочи дека Владата очекува и се надева дека овие предуслови би ги привблекле меѓународните институции тука да ги отворат своите главни седишта и од тука да ги раководат дел од своите операции.

Рече дека профитот од државата не би се остварил преки даноци, туку од страничните ефекти .

– Тие компании ќе вработат многу луѓе. Тие компании ќе ги тренираат вработените да работат по меѓународни стандарди. Тие компании ќе ангажираат адвокати тука, Тие адвокати ќе добијат тренинг по меѓународно работење. Истото станува и со сметководителите. Тие компании ќе купат имот, рече премиерот.