Со метална цевка ја претепал сопругата

Скопската полиција поднесе кривична пријава против Д.Б.(50) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид”. Вчера во Ургентниот центар Скопје била донесена Е.Б.(46). Таа  околу 7 часот на улица Московска била физички нападната од пријавениот,  кој е нејзин сопруг, при што со метална цевка и нанел тешки телесни повреди  и го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки истиот е приведен од страна на Единицата за прв одговор и интервенција “Алфа”.

Според најновите податоци до кои дојде Канал5, жената е хоспитализирана на неврохирургија, се наоѓа во кома и е приклучена на апарати за дишење. Лекарите велат дека има скршен череп и повреди на мозокот и е во многу тешка состојба.

Неофицијално сопружниците кои имаат два деца се разведуваат. Против него имало кривична за семејно насилство и пред три месеци.