Со метални шипки и ножеви му се заканувале, па го ограбиле

Утрово околу 1:40 часот во Штип на улица „Радански пат“, пред влезната врата од куќата сопственост на 52- годишниот А.Д., три засега непознати лица, извршиле разбојништво над. Откако го пресретнале со метални шипки и ножеви му се заканиле, барајќи од него да им даде пари, информираат од МВР.

Во еден момент, едно од лицата замавнало со металната шипка кон оштетениот и тогаш останатите почнале да го влечат и му одзеле метална кутија во која имало околу 2.000 денари, а потоа избегале во непознат правец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.