Спорт

Со млади играчи во МЗТ причина за неискуство во АББА лигата

Со млади играчи во МЗТ причина за неискуство во АББА лигата

Покрај стручниот штаб, и кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ги споделија своите очекувања, амбиции за новата сезона. Денеска се собра целата екипа која треба да патува во Маврово каде што ќе ги извршува подготовките.

“Оваа година имаме доста помлад тим кој нема многу искуство во АБА лига, но очекуваме да се повтори резултатот од претходните две години. За домашната лига целта е освојување на двојната круна, да се освои трофеј и во новата година“, вели Кирил Николовски, кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром.

“Започнува новата сезона, одиме на подготовки во Маврово, имаме млади играчи, неискуството е присутно, но со добра работа ќе дојде и успехот на двете полиња, АБА и домашна лига. Не би прецизирал околу тоа какви се плановите, се враќаме во старата сала, се надевам дека со помош на публиката, јавноста, луѓето од Општина Аеродром ќе направиме нови успешни резултати“, вели Урош Лучиќ, кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром.

“Многу сум возбуден што сум тука во клубот, мислам дека заеднички со колективна работа можеме да направиме добри резултати во сезоната“, додава Гиорги Цинцадзе, кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром.

Првиот натпревар “металците“ во Јадранската лига ќе го имаат на гостински терен на 4. Октомври против српскиот состав на Мега Визура, а првиот меч во новиот Спортски Центар “Јане Сандански“ на 7. Октомври 2014 год. против хрватскиот претставник Задар во рамките од второто коло.