Со молкот за хациендата Заев отвора сомнеж за прекршување на законот

Најновата афера која одекнува со хациендата на Заеви на Халкидики која е купена по неколкукратно пониска цена од пазарната се уште отвора легитимни дилеми кои само го зголемуваат скандалот, објави „Курир“.

Како што пишува порталот, прво, со ова се докажа дека Зоран Заев не ја говори вистината за речиси ниту една тема. Тој пред целата македонска јавност изјави дека сето она што го поседуваат тој и неговото семејство се наоѓа во Македонија. Зошто го премолчи постоењето на оваа луксузна хациенда, Заев не се чувствува должен да одговори пред граѓаните.

Заев очигледно заборава какви одговори има дадено во интервјуата, па со самото тоа сам се фаќа во лага по кој знае кој пат. Имено, пред извесно време лидерот на СДСМ во интервју за МРТ тврдеше дека ниту тој, ниту некој од семејството негово немаат имоти надвор од Македонија.

-Семејството Заеви се мои први братучеди, мои втори братучеди со презиме Заеви. Моите братучеди заедно со брат ми ги водат овие фирми во последните три, четири пет години, сигурно, може и повеќе. Сè што имаме нѝ е овде во Македонија, истакна Заев.

Хациендата на грчкиот полуостров веднаш до морето и молкот на Заев се комбинација која го подгрева сомнежот дека веројатно се работи и за уште едно прекршување на законот.

Јавноста се прашува како е можно Заеви да станале сопственици на луксузна хациенда на самиот брег на Егејското Море по толку ниска цена.

Лидерот на СДСМ молчи, дали хациендата во Грција е платена во кеш и доколку е така,како неговите братучеди успеале да изнесат над 100.000 евра готови пари од граница, ако се знае дека законите дозволуват, најмногу 10.000 евра по човек.

Дали парите биле илегално изнесени од границата, на кој начин и кој ги изнесувал парите ако било платено во готово?

Она за што исто така Заеви должат објаснување е како ја постигнале нереално ниската цена за овој имот. Имено, споредбите покажуваат дека  куќи со слична големена во близина на тоа место се продаваат од 300 илјади до 800 илјади евра.

Со што Заеви го заслужиле попустот од неколку стотици илјади евра останува нејасно!

kuka_2500