Со музика и стенд ап комедија против загадувањето од

Во Паркот на скулптурата спроти гимназијата „Панче Арсовски“, во вторник во 17 часот ќе се одржи мирен протест „Протестни ноти за чист воздух“, со кој жителите од населбите загрозени од штетните емисии од скопската Железарница ќе го искажат своето незадоволство, а ќе опфаќа многу музика, изложба на цртежи од најмладите и стенд ап комедија.

Целта, како што објаснуваат организаторите, е да се крене свеста кај населението за големината на проблемот со загадениот воздух во Скопје.