Со навреди и тупаници ја нападнал поранешната девојка

И го попречил патот на поранешната девојка, а потоа почнал да ја навредува и удира.

Млада скопјанка била нападната синоќа од нејзиното поранешно момче, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Околу 21 часот на улицата Народен Фронт во Скопје додека 21-годишната Л.О. и нејзина другарка се возеле во автомобил „пежо“  патот им бил пресечен од автомобил „бмв“ кој го управувал нејзиното поранешно момче 25-годишниот С.Д.

Тој излегол од автомобилот и почнал да ја навредува и да ја удира со тупаници по главата. Потоа и го одзел клучот од возилото и се упатил во непознат правец. По кратко време истиот се вратил и повторно физички ја нападнал, по што се одалечил во непознат правец.

С.Д. е приведен и по документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.