Со нова кредитна линија фирмите ќе вработуваат нови луѓе

Новата кредитна линија која ќе им помогне на македонските компании ја промовираше на вечерашниот митинг во Куманово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој истакна дека со повлекувањето на кредитна линија со субвенционирана камата во сред криза каматите за македонските фирм се намалија и се уште се не повисоки од 5,5 отсо.

„Ќе имаме уште една кредитна линија од 100 милиони евра за да им помогнеме на македонските приватни фирми не само да не отпуштаат вработени, туку и да вработат нови луѓе кои се невработени во нивните фирми“, посочи Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека воведен е нула отсто данок за микро и мали бизиниси со приход до 3 милиони денари, а во нивен интерес се пропиша ослободување од оданочување на трговските друштва класифицирани како мали и мико трговци чиј основен приход изнесува до 3 милиони денари.

Ваквото даночно ослободување, посочи Груевски, денес го користат 37.000 фирми во Македонија.