Со нова медицинска опрема до помала смртност на бебињата

 

Премиерот Никола Груевски денес одговарајќи на новинарско прашање информира дека ќе биде набавена нова медицинска опрема на неонатологија на интензивната нега на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје и на Универзитетската клиника за гинекологија.

-Оваа медицинска опрема ќе биде од исклучителна важност за намалување на смртноста на бебињата, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Тој истакна дека набавката на медицинска опрема ќе чини 50 милиони денари, а процедурата е во тек.

-Имаме посебен проект во Владата и Министерството за здравство за преземање на сите потребни мерки за намалување на смртноста кај доенчињата и затоа набавивме нова медицинска опрема во износ од 50 милиони денари, истакна премиерот.

Груевски истакна дека континуирано се вложува во здравството и веќе е започната процедурата за набавка на компјутерска томографија во поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром, во вредност од 20 милиони денари.

Се очекува дека до крајот на месец октомври опремата ќе биде комплетно инсталирана.

Премиерот потсети дека веќе е реализиран и проект за набавка на опрема во здравството, со кој биле вложени 100 милиони евра.