Со новата Итна медицинска помош е решен голем проблем во Лабуништа

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изрази огромно задоволство за решавањето на еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваа жителите на Лабуништа – немањето итна медицинска помош.

Соопштението ви го прнесуваме интегрално.

„Жителите од овој дел на Македонија со години беа запоставувани и никој досега не ги слушна нивните проблеми, потреби и сугестии, ниту пак ги реши. Сите ветуваат, но никој не оствари. Затоа ова преставува еден огромен успех.

Сите граѓани на Република Македонија имаат право на здравствена услуга по највисоки стандарди, што е неопходно за здрав и квалитетен живот. Токму затоа решавањето на овој проблем е од огромно значење за жителите на Лабуништа.

Основната цел на ВМРО-ДПМНЕ е да овозможи корисниците на здравствени услуги да бидат задоволни, нивните проблеми да бидат брзо и ефикасно решени, со единствена цел здрава нација.

Новата Итна медицинска помош во струшкото село Лабуништа ќе опслужува повеќе од 7.000 илјади жители од ова село, како и 2000 жители од останатите околни населени места во регионот. Со ова наскоро здравството ќе стане 24 часа достапно за повеќе од 9.000 жители од струшкиот регион.

Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сме постојано на терен помеѓу граѓаните, ги слушаме нивините проблеми, предлози, идеи и сугестии и секогаш пробуваме да ги решиме.

Проблемот на жителите од Лабуништа со немањето на брза помош се решава како резултат на секојдневната комуникација со граѓаните низ цела Македонија.

Ова е само една од многуте мерки и инвестиции кои се веќе завршени или се во фаза на реализација со кои значително ќе се подобри квалитетот на живеење на жителите на село Лабуништа.

Како пратеник кој доаѓа од струшкиот регион, во оваа прилика би сакала да ги истакнам дека покрај итната медицинска помош во скоро време жителите ќе добијат и мултифункционално игралиште. Со ова децата од ова село ќе имаат каде да спортуваат и квалитетно да го поминуваат своето време.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМЕ како досега така и понатака ќе остане целосно посветена на решавање на реалните проблеми со кои се соочуваат сите граѓани, без разлика на нивната национална, етничка или верска припадност.

Како претставници на народот ќе се бориме за поквалитетен и подостоинствен живот на сите граѓани на Република Македонија“.