Со новата мерка ќе се спречи сивата економија

Kонфедерација на работодавачи ја поддржува мерката која предвидува договорите за дело и авторските договори да влезат во системот на задолжително осигурување, односно да се плаќаат придонеси и за лицата ангажирани на ваков начин, објавува Курир.

Претседателот на Конфедерацијата, Миле Бошков во изјава за Курир вели дека со Министерството тие воделе разговори на оваа тема уште во месец август каде им било презентирано дека авторските договори и други активности и услуги кои се остваруваат надвор од договорите за вработување се презентирани пред бизнис заедницата.

-Ова може да биде последователна борба или акт кој ќе ја спречи сивата економија, нерегистрираните дејности, и ќе влијае на сите кои имаат остварување на приходи за влегување во системот. Генерално, она што го побаравме од Владата во тој момент беше наместо 8800 денари, минималното ниво да биде просечната плата, рече Бошков.

Владината мерка која предвидува договорите за дело и авторските договори да влезат во системот на задолжително осигурување, односно да се плаќаат придонеси и за лицата ангажирани на ваков начин, има за цел да ја зголеми социјалната сигурност на граѓаните. Нејзината примена нема да се одлучува и ќе почне како што беше предвидено на 1 јануари 2015 година.