Со новата опрема, АРМ во чекор со НАТО армиите

Започната е најобемна инвестиција во опрема за АРМ од нејзиното основање. На тема модернизација на армијата во интервју за ТВ Нова зборуваше, генерал мајор Васко Ѓурчиновски.

Една од стратегиските заложби на Македонија за полноправно членство во НАТО е соодветно опремување на армијата и како што истакнува Ѓурчиновски, тоа во континуитет се спроведува. Војниците се обучуваат, се води грижа за моралот и борбената готовност.

Од името на сите припадници на АРМ сакам да истакнам јавна благодарност до сите претпоставени институции кои сериозно изминативе 2 години со наша стручна експертиза, процесот се води во континуитет. Завршницата треба да биде наскоро. За кратко време целосното опремување и модернизирање ќе бидат со најмодерна и софистицирана опрема. Од самото осамостојување ние перманентно се оспособуваме, обучуваме и среќен сум што за кратко време ќе биде етаблирана во системот и борбената готовност ќе биде а значително високо ниво, рече тој.

За нас вели Ѓурчиновски, ќе биде позитивен комплимент дека ќе изградиме навистина мобилни, способни, ефективни сили со кои ќе се гордеат сите граѓани на Македонија.

Убеден сум дека ќе бидеме навистина респектабилен одбранбен фактор, првенствено за одбрана на нашата татковина, а потоа таму каде што стремиме да рамноправни со нашите партнери и пријатели во операциите, за кои и нашата команда има и надлежност, појаснува тој.

Во период од две години со помош на експертски прокетни тимови на АРМ, се извршуваше и модернизација на постоечките системи.

Сметаме дека со набавката на транспортери, оклопни возила, неоклопни возила  квалитетот ќе биде значително подигнат, појаснува генералот.