Со новиот договор со Најк, Дурент ќе се збогати за 300 милиони евра

Еден од најдобрите НБА кошаркари, Кевин Дурент, ќе добие нов договор од Најк, кој би можел да достигне вредност од 300 милиони долари.

Пред само неколку дена се чинеше дека Дурент ќе го раскине договорот со Најк поради Андер Армор, кој му понуди соработка вредна 285 милиони долари.

Актуелниот договор на Дурент со Најк, вреден 60 милиони долари за седум години, наскоро истекува, но американската компанија е цврсто решена да ја продолжи соработката со најкорисниот играч во НБА лигата за минатата сезона.

Деталите од понудата на Најк се уште не се познати, но според некои информации Дурент од спонзорскиот договор ќе заработува повеќе од она што го добива од Тандерс.

Дурент минатата сезона за Тандерс бележеше по 32 поени, 7,3 скокови и 5,5 асистенции по натпревар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.