Со нож ограбил аптека

Разбојник ограбил аптека, вчера во скопската населба Карпош 4, информираше МВР.

Според полицијата, разбојништвото се случило околу 19.20 часот во ТЦ „Антико“.
Тогаш маскираниот разбојник влегол во аптеката и со ноќ и се заканил на вработената.

Тој зел околу 15.000 денари и избегал.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.