Македонија

Со одлична вест пречекани мировниците од 15-тата ротација на АРМ во ИСАФ

Со одлична вест пречекани мировниците од 15-тата ротација на АРМ во ИСАФ

Со одличната вест за вработувањето на професионалните војници по 45-тата година во државните институции денеска министерот за одбрана го пречека 15-от контингент од Армијата на Македонија, кој што во изминатите шест месеци се грижеше за безбедноста на главната команда на силите ИСАФ во Кабуил.

Воедно, министерот Џафери изрази задоволство и поради фактот што сите припадници на АРМ, дома, кај своите семејства, се вратија живи и здрави, но и дека во рамки на мисијата тие уште еднаш ги покажаа своите вештини и знаења, како и својата професионалност во извршување на задачите.

Командантот на контингентот, потполковникот Боро Глаткоски, рече дека сите припадници совесно, достоинствено и одговорно ги извршија обврските, а доказ за тоа се и големиот број пофалби и благодарници кои нашите војници ги имаат добиено во оваа ротација.

Во петнаесеттата ротација во силите ИСАФ во Авганистан, АРМ учествуваше со 156 припадници, односно со механизирана пешадиска чета ,,Леопарди” од 1.мпбр, која беше задолжена за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.