Со оваа изјава за Игор Северина ја шокира јавноста

Хрватската пејачка Северина недамна за еден неделник даде интервју, во кое говореше за новата љубовна врска со Игор Којиќ, синот на познатиот српски фолкер Кеба.

Говорејќи за врската со 15 години помладиот спортски менаџер Севе рече:

-Игор е прекрасен и добар човек што ме сака и внимава на мене во секој миг. Благословена сум што можам да го сакам и што заедно уживаме во животот. Голема радост е да гледам дека тој и Александар се сакаат. Но, Игор неможеше да биде поинаков, затоа што топлината и искреноста ја наследил од родителите, Олја и Драган, коишто јас ги обожавам. Среќна сум што ќе му бидам гостинка на Драган на концертот во Лозница. Поради љубовта кон Игор и кон Драган…

Понатаму Севе вели:

-Незнам што се слуша денес и што е модерно, но кога го слушате срцето никогаш нема да згрешите. Особено ако вашето срце е чисто. Моето срце ми донесе само добро и му благодарам за тоа. Ми го донесе синот, Игро, песните што ги пеам, луѓето што ги имам за пријатели, животот што го живеам, изјави 43-годишната Северина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.