Со оваа загатка откријте дали IQ-то ви е поголемо од 120

Со оваа загатка откријте дали IQ-то ви е поголем од 120
Со оваа загатка откријте дали IQ-то ви е поголем од 120

Со помош на оваа интересна загатка откријте дали Вашиот коефициент на интелигенција е поголем од 120.

Велат дека доколку на оваа загатка фотографија пронајдете повеќе од 18 триаголници, Вашиот коефициент на интелигенција е поголем од 120.

Сконцентрирајте се и почнете со броење триаголници на интересната загатка

Колку триаголници најдовте?

Македонија на 16. место во светот според просечниот IQ

k inteligencijaСингапур со просечен коефициент на интелигенција (IQ) 108 се наоѓа на првото место на листата на најпаметни држави во светот, додека Македонија е на 16-тото место со IQ 91.

Листата изработена врз основа на десетгодишен труд на тим истражувачи составен од британскиот психолог Ричард Лин, финскиот политиколог Тату Вананен и холандскиот психолог Јелте Вичертс содржи анализирани податоци за интелигенцијата на жителите на 113 држави во светот.

Литата ја предводи Сингапур со просечен IQ 108, а следат Јужна Кореја со 106 и Јапонија со 105. Во регионот најдобро рангирана е Словенија, на 11. место со просечен коефициент на интелигенција 96, објави порталот Photius.com, пренесе МИА.

Италија е четврта со IQ 102, Исланд и Монголија се на петто место со 101, а Швајцарија е шестта. Седмото место го делат Австрија, Кина, Луксембург, Холандија, Норвешка и Велика Британија со IQ 100. Белгија, Канада, Естонија, Финска, Германија, Нов Зеланд, Полска и Шведска со просечен коефициент на интелигенција 99. На деветто место се Андора, Австралија, Чешка, Данска, Франција, Унгарија, Литванија, Шпанија и САД со IQ 98. Русија, Белорусија, Малта и Украина се на 10. место со IQ 97.

По Словенија на 11. следи Бугарија на 14. место со IQ 93, Грција на 15. со 92, додека Хрватска, Албанија и Босна и Херцеговина го делат 17. место со просечен коефициент на интелигенција 90.

Македонците според оваа статистика за мерење на просечниот коефициент на интелигенција од земјите од регионот се наоѓаат пред Хрватите, Албанците и Босанците. Пред нас на листата, пак се наоѓаат Словенците, Бугарите и Грците.

 

 

Доколку пронајдовте повеќе од 18 триаголници на оваа загатка, Ви честитаме на интелигентноста.