Магазин

Со овој појадок ќе загубите 5 килограми за еден месец!

Со овој појадок ќе загубите 5 килограми за еден месец!
Close-up of a woman with a bowl of breakfast cereal

Веќе сте пробале неколку диети, но не успеавте? Имате бавен метаболизам, а најголема желба ви е да ослабете? Пробајте го овој рецепт!

Едноставно се подготвува и со него ќе го изгубите вишокот килограми. Освен тоа, овој оброк е навистина здрав и изобилува со витамини и минерали.

За подготовка на овој појадок потребни ви се: 300 милилитри немасен јогурт, 2 супени лажици овошни снегулки, 1 лажица ленено семе, 1 лажица како во прав, 5-7 суви сливи.

Подготовка на појадокот:

Појадокот се подготвува од вечерта за утредента.

-Со 100 милилитри зовриена вода прелијте ги сувите сливи. Поклопете ги со капак и оставете ги 5-10 минути. За тоа време во сад ставете ги овошните снегулки, лененото семе и какаото. Прелијте ги со јогуртот и сето тоа добро измешајте го.

Сливите кои се набабрени исецкајте ги ситно, а по можност изблендирајте ги, а потoа додадете ги во смесата.

Добро измешајте и ставете ја смесата во фрижифер. Наутро извадете ги и уживајте во здравиот и вкусен појадок.

Резултатите ќе бидат видливи набрзо, а во рок од еден месец би требало да загубите 5 килограми.