СКАНДАЛ: Со пари на граѓаните СДСМ купува поддршка од соросовите невладини организации

Општина Центар на последната седница на Советот донесе одлука да префрли 1.300.000 денари на НВО кои или немаат активности или активностите им се насочени во промоциија на политките на СДСМ, пишува Денешен.

Оваа одлука на општина Центар доаѓа во период кога лидерот на СДСМ Зоран Заев најави бојкот на изборите и побара поддршка од истите невладини организации поврзани со СОРОС, кои заедно со СДСМ учествуваа во насилните протести пред Владата во мај мината година кога беа повредени 30-тина полициски службеници.

centar-odluka-pari

Денешен: Плаќаме невладини организации за кои не знаеме ни дека постојат

ekvilibrio

ЕКВИЛИБРИО

Здружение на граѓани за младински активизам, еко-свест, граѓанска еднаквост и европска иднина ЕКВИЛИБРИО-Скопје. Еквилибрио „не постојат“ на Интернет од 2012-та година, никакви активности за нив не бележи ниту Гугл, ниту нивниот Фејсбук профил. Нивната ФАН СТРАНА е одамна избришана. Оваа НВО со години не постои ниту на социјалните мрежи. На ПРОФИЛОТ на Твитер, последната нивна објава е од 2012-та година.
nevladina-nepostoi-640x360

Нивниот официјален ИНТЕРНЕТ САЈТ каде се должни да информираат за она што го работат пред јавноста, не е апдејтиран од февруари 2012 година.

Додека од оваа невладина не постојат никакви информации за некакви активности, проекти или нешто спроведено, она што е најново е дека во 2016 година од општина Центар добиле 400.000 денари.

ОГЛЕДАЛО

За ова здружение на граѓани ретко кој воопшто има слушнато. „Огледало“ зема пари за поддршка на лица со попреченост. Но, истото не постои во листата на Здруженија на граѓани кои се запишани во Регистaрот на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита.

Воопшто немаат официјален сајт, ниту Фејсбук профил, немаат профил на ниту една друга социјална мрежа. Гугл не дава никакви резултати за нив, што алудира на тоа дека немале никакви активности.

Во 2015 земаат 500.000 денари од општина Центар.На  крај на годината пријавиле вишок на приходи од 499.916 денари. Тоа значи дека парите кои им ги исплатил Жерновски не ги потрошиле. Но, општина Центар и годинава им доделува 400.000 денари.

proficio1

ПРОФИЦИО

Ова е Здружение за истражување на пазарот на труд во функција на мултиетничката толеранција ПРОФИЦИО Скопје.

Една слика 1000 зборови, а кај нив, многу слики. На сите без двоумење се гледа дека се работи за т.н. соросова невладина организација која е дел од сите активности на сличните невладини во последниот период како протести за иселените млади од Македонија, поддршка за мигрантите, протести против нечистиот воздух, поддршка за невладината МОСТ.

profocio2 profocio3 profocio4 profocio-most profocio-migranti profocio-eu

 

Потписници се и на писмата на т.н. здружени невладини организации упатени до ЕУ, Амбасадата на САД, Евро-пратениците итн.

biljana-profocio

Претседателот на Профицио Билјана Младеновска на повеќе фотографии се наоѓа во друштво на Катерина Цаневска – Арсовска, поранешната новинарка на А1 , а сега работи токму во Општина Центар.