Спорт

Со парите од Гуарин, Интер го купува Хернанес

Со парите од Гуарин, Интер го купува Хернанес

Парите кои би биле заработени од продажбата на колумбискиот интернационалец, Фреди Гуарин, новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, Ерик Тохир, сака да ги искористи за да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на Лацио, Хернанес.

Гуарин веќе подолг временски период важи за голема желба на лондонскиот премиерлигаш Челзи и на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), а нивната желба може да стане реалност само доколку понудата за крилниот напаѓач не биде помала од 17 мил. евра.

Хернанес до пред неколку месеци имаше статус на недопирлив, но во последниот период се погласни се шпекулациите дека претседателот на Лацио, Клаудио Лотито е подготвен да седне на преговарачката маса, само дококолку заинтересираниот клуб испрати официјална понуда за одличниот играч за врска не помала од 20 мил. евра.

Интерес за Хернанес има покажано и градскиот ривал на Интер, тимот на Милан, но дали ќе има или ќе нема понуда за фудбалерот на Лацио, во голема мера ќе зависи и од ставот на новиот тренер на “росонерите”, Кларенс Сидорф.