Со пешачко дефиле до поголема безбедност во сообраќајот

Пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот градски превоз како алтернативни форми на мобилност ќе се промовираат денес од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата се со цел подигање на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот.

Во центарот на Скопје ќе се делат флаери за промоција на алтернативните форми на мобилност и ќе се организира пешачко дефиле кое ќе почне од пред спомен куќата на Мајка Тереза, а ќе заврши пред Порта Македонија.

По тој повод ќе биде организирано промотивно возење со автобус на ЈСП Скопје од Порта Македонија до Средно Водно, па со жичница до врвот на Водно, каде се одржува Балканскиот велосипедски фестивал.