Со пиштол го бркал низ Тетово

Дваесет и тригодишниот Х.Ј. од скопско, вчера попладне пријавил дека дента околу 14 часот додека се движел по улица „Благоја Тоска“, во непосредна близина на зелениот пазар, од позади му се доближило лице од тетовско Ново Село.

Тој бил роднина на неговата тетка, со кого имале нарушени односи.

Набрзо, според кажувањето на Х.Ј, лицето извадило огнено оружје пиштол, го вперило  и почнало да трча по него. Исплашен за својот живот, Х.Ј. почнал да бега и успеал да му избега, по што дошол во полициската станица Тетово и го пријавил случајот.

Се преземаат активности за расчистување на сите поединости поврзани со пријавеното.