Со пиштол му се заканиле на таксист и му зеле 700 денари

Две непознати лица вчера нападнале таксист во тетовско.

Тие околу 3 часот по полноќ на улицата Маршал Тито во Тетово се качиле во возилото на Д.Н. (55) и побарале да ги превезе до селото Брвеница, притоа укажувајќи му да вози по земјен пат до селото Палиште.

По ова, едно од непознатите лица репетирало пиштол ставајќи му го на главата, додека другото лице со нож му нанело расекотина во пределот на левата дланка при што му одзеле 700 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.