Со пиштол ограбил казино во Велес

Маскирано лице со закана со огнено оружје-пиштол извршил разбојништво над две вработени во казиното „Адмирал“ во Велес.

Разбојникот одзел околу 104.000 денари. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.