Македонија

Со пиштол ограбил маркет во Скопје

Со пиштол ограбил маркет во Скопје

Синоќа во Скопје на ул.„Александар Бујнов“, во маркет „Вива Фреш“, се случи разбојништво.

Како што информираат од полицијата, непознато лице маскирано и вооружено со огнено оружје-пиштол, извршило разбојништво на тој начин што со закана од касата ги одзело парите од дневниот промет во износ од околу 15.000 денари. Потоа го напуштило местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.