Со пиштол расчистувале нерешени имотноправни односи

Педесет и седумгодишниот И.Р. од селото Чегране го застрелал шеесет и петгодишниот Џ.Р. На пукањето му претходела вербална расправија околу нерешени имотноправни односи.

Џ.Р. е надвор од животна опасност и е пренесен во гостиварската болница за укажување на лекарска помош.

Против И.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.