Со пиштол и тупаници расчистувале сметки

Наместо да го реши недоразбирањето, 40 годишниот скопјанец Д.С. почнал да навредува и да се заканува со убиство.

Случајот во полиција во понеделникот вечерта го пријавил 43-годишниот Б.Ш. од Скопје, кој во полициската станица изјавил дека попладнето му се јавил Д.С. и го повикал да се видат на булеварот „Видое Смилевски Бато“ со цел да ги решат недоразбирањата кои претходниот ден ги имал со неговиот татко К.Ш.

„Кога се сретнале Д.С. почнал да го навредувал Б.Ш. и да се заканува со убиство кон него и неговиот татко доколку истите не ја повлечеле претходната пријава. Во еден момент Д.С. извадил пиштол и го вперил кон Б.Ш., но истиот го фатил за рака и го совладал“, информираат од полицијата.

Д.С. со телесни повреди добиени во тепачката бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.