Со пиштол нападнале продавачка, не им дала бурек без да платат

Ноќеска петнаесетина минути по полноќ, три лица под дејство на алкохол, влегле во фурната „Христина клас“ на улица „Христо Татарчев“ и побарале да јадат без пари. Откако не им било дозволено, едно од лицата кое имал боксирач во раката започнал да ја крши вратата и витрините од бурекџилницата.

Откако вработената Љ.Н. им рекла дека за 30 денари не вреди да се расправаат, физички ја нападнале, а едно од лицата вперило и пиштол кон неа. Случајот бил пријавен во Полициската станица Кисела Вода, по што полицијата ги привела лицата А.Ф.(22), Ф.Б(25) и Г.Г.(29) тројцата од Скопје.

Полицијата презема мерки за документирање на случајот, по што , највуваат дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против лицата.