Со пиштол ограбил аптека

Разбојник со пиштол ограбил аптека, вчера во центарот на Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, разбојништвото се случило околу 21 часот во аптека на „Зегин“ кај Транспортниот центар. Маскираниот арамија со пиштолот им се заканил на двајцата вработени од кои го зел дневниот промет. Тој веднаш избегал, а полицијата трага по него.