Со пивско шише мавал кон автобусот со фудбалери на ФК Пелистер

Непознато лице  фрлило со пивско шише и ја скршило задната шофершајбна на автобусот кој се движел према стадионот „Филип II“, а во кој се преврзувале играчите на ФК „Пелистер“.

Како што соопштува МВР, настанот се случил вчера  околу 15.20 часот во Скопје на бул. „Илинден“.

За среќа во инцидентот немало повредени патници.

По преземени мерки приведен е Н.Д.(23) од Скопје, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.