Со подлогата за шминка на Буржоа, вашето лице ќе блеска и до 16 часа

Подлогата за шминка Healthy Mix Serum на францускиот бренд Буржоа е специјално дизајнирана за да и’ даде сјај на вашата кожа.

Станува збор за подлога за шминка која е богата со витамини. Тајната е во блендираното овошје, така што оваа подлога содржи витамини од блендирано личи, бобинки и калинка.

Гелот е дизајниран за лесно да се нанесе на кожата и да ги скрие неправилностите, а ќе го задржи сјајот на вашата кожа и до 16 часа.

Модната куќа Буржоа се обидува да го внесе гламурот на Париз во нивната козметичка линија, па затоа постојано дизајнира производи со иновативна формула, а оваа подлога е уште еден од новитетите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.