Магазин

Со помош на Фејсбук го барал возачот кој му го прегазил синот – се шокирал од крајниот епилог

Со помош на Фејсбук го барал возачот кој му го прегазил синот – се шокирал од крајниот епилог
Џејми го барал виновникот кој го прегазил неговиот син, се пронашол самиот себе

Таткото на четирите деца, чиј син бил тешко повреден во сообраќајна несреќа, започнал кампања на Фејсбук за пронаоѓање на виновникот. Тој бил сигурен дека детето било удрено од некој несовесен возач кој веднаш по несреќата побегнал од местото на несреќата.

Сепак, вистината е сосема поинаква. Џејми ги сместил двете ќерки во автомобилот и започнал да вози во рикверц, не знаејќи дека всушност тој самиот го удрил својот син, кој останал да лежи некое време на патот во несвесна состојба, се додека случаен минувач не го здогледал детето и повикал итна медицинска помош.

Кога полицијата ги прегледала снимките од безбедносните камери во близина, се шокирала.

Да, јас сум бил виновникот. Ниту го видов син ми, ниту го почувствував ударот. Не можам да опишам колку ми е тешко. Ќе чувствувам вина засекогаш, изјавил несреќниот татко.

Инаку детето полека се опоравува, а по првичната болничка нега, сега е на домашно лекување.

За среќа, син ми е доволно млад за да го заборави тој ужасен ден. Но јас нема…, завршил Џејми.